Административен термин - категорија

магистрат повеќе

мн. магистрати
Вид збор: Именка, машки род
Градска управа во некои западноевропски земји.
Англиски: town council Албански: magjistrat, këshill i qytetit

марка повеќе

мн. марки
Вид збор: Именка, женски род
Мало парче хартија на кое има знак, цена и сл., кое се лепи на писма или документи и со кое се наплаќа определена уcлуга.
Англиски: stamp Албански: pullë
Примери:
поштенска марка, таксена марка

маркичка повеќе

мн. маркички
Вид збор: Именка, женски род
марка
Англиски: stamp Албански: pullë

матичар повеќе

мн. матичари
Вид збор: Именка, машки род
Административно лице што води евиденција за родените, венчаните и умрените.
Англиски: registrar Албански: ofiqar
Лице што венчава.
Англиски: registrar Албански: ofiqar

меморандум повеќе

мн. меморандуми
Вид збор: Именка, машки род
Службено писмо со детали за трговски преговори или за склучување договори.
Англиски: memorandum Албански: memorandum

меродавен повеќе

меродавни
Вид збор: Придавка
Што има право да донесува решенија.
Англиски: competent
Примери:
Судот е меродавен за тој проблем.

мивтар повеќе

мн. мивтари
Вид збор: Именка, машки род
Селски старешина.
Англиски: mayor Турски: muhtar

министер повеќе

мн. министри
Вид збор: Именка, машки род
Висок државен функционер, член на влада, што управува со некое министерство или е без ресор, без портфељ.
Англиски: minister Албански: ministër
Примери:
Министер за образование.

министерство повеќе

мн. министерства
Вид збор: Именка, среден род
Дел од највисоката државна администрација што е под управа на министер.
Англиски: ministry Албански: ministri
Примери:
Министерство за образование.

молба повеќе

мн. молби
Вид збор: Именка, женски род
Писмено барање да се изврши нешто или да се задоволи некоја потреба.
Англиски: application Албански: lutje
Примери:
Молба за вработување.

молител повеќе

мн. молители
Вид збор: Именка, машки род
поднесувач на молба
Англиски: applicant
Примери:
Молителот ја повлече молбата.

мртвопроверител повеќе

мн. мртвопроверители
Вид збор: Именка, машки род
Службено лице (лекар) кое проверува дали некое лице е мртво.
Англиски: coroner
Примери:
Смртта е констатирана од мртвопроверител во градот.

мудир повеќе

Види и: мудур (м.)
мн. мудири
Вид збор: Именка, машки род
мудур
Англиски: chief Турски: müdür

мудур повеќе

мн. мудури
Вид збор: Именка, машки род
Управник, старешина на област во турско време.
Англиски: chief Турски: müdür

мудурлук повеќе

мн. мудурлаци
Вид збор: Именка, машки род
Подрачје на власта на мудурот.
Англиски: district Турски: müdürlük Албански: distrikt i mydyrit
Седиште на мудурот.
Албански: selia e mydyrit

муктар повеќе

мн. муктари
Вид збор: Именка, машки род
Старешина на маало во градот, селски старешина. Платен заштитник на имот и живот.
Англиски: headman Турски: muhtar
Примери:
Се повикуваат муктарите на одделните маала во Конакот.
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - у - ф - х - ц - ч - ш